По Прилеп и Скопје добива свој фестивал на пивото - Пиволенд кој ќе се одржи на платото пред скопската тврдина од 18 до 21 септември. Штандовите со пиво и храна ќе работат во текот на целиот ден, додека музичката програма започнува во 17 часот, а ќе трае се до раните утрински часови...
Организаторите (Здружението за развој на културниот туризам “Пиволенд”) најавуваат над 30 вида на пиво, а ќе има неограничени количини на скара Покрај тоа се најавува одлична музика. Првиот Пиволенд е под покровителство на Градот Скопје.
За анимација на посетителите се задолжени над 200 артисти. Пејачи, групи, диџеи, жонглери, маскоти, актери, акробати...
Четиридневната програма опфаќа и звучни имиња као хрватските шоу мајстори Лет 3, босанскиот претставник на евровизија Лака, нашите Паркети, култниот Влада Дивљан, разиграните Уикеда многу, многу други...
2.09.2008