Ќерката на Радован Караџиќ, Соња Караџиќ Јовичевиќ, тврди дека постои план за убиство на нејзиниот татко, кој се наоѓа во притвор во Хашкиот трибунал.
Јовичевиќ истакнала дека планот на Запад да го ликвидира Караџиќ постои од моментот кога тој постигнал договор за повлекување од политиката и јавниот живот со американскиот дипломат Ричард Холбрук.
Во интервјуто за Прес РС таа рекла дека тврдењата за постоење план за ликвидација на нејзиниот татко, се повеќе од основани. „Сигурно знам дека тој план и сега е активен, но е модифициран и преточен во план за негова судска ликвидација“, подвлекла Соња Караџиќ.
Таа рекла дека Радован Караџиќ има докази за постоење на наводниот план за негова ликвидација, додавајќи дека неговото појавување во Трибуналот не била опција, бидејќи таму не смеел жив да дојде и да добие шанса за проговори, пренесува “24 сата ју“.
Ќерката на Караџиќ изјавила дека нејзиното семејство оваа пролет во судот во Соколац подигнало процедура Радован Караџиќ да се прогласи за мртов.
2.09.2008