Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Чао Интернет Експлорер, здраво Хром!


Гугл знае се за пребарувањето на интернет, па и не не зачуди веста дека се одлучија да направат прелистувач Од утре Google Chrome ќе биде достапен за спуштање.

Денес корисниците на компјутери најмногу време поминуваат користејќи веб прелистувач. Во него пребаруваат, сурфаат, пишуваат мејлови, се образуваат...

Благодарение на Фајрфокс, сурфањето во табови стана скоро стандард. Меѓутоа ако се јави проблем кај некој таб, појде целиот прелистувач.

Тоа ќе се обиде да го поправи новиот прелистувач што утре официјално ќе го понуди Гугл. Секој таб е изолиран од остатокот и така е спречено да се исклучи целиот прелистувач ако има проблем само со една страница.

Освен тоа Хром е многу внимателен кога е во прашање безбедноста на системот. Нема да дозволи страниците да впишуваат податоци на вашиот диск. Прелистувачот цело време ќе прави список на страници кои не се безбедни за посета и ако се најдете на таква страница веднаш ќе бидете предупредени.

Програмата ќе може бесплатно да се симне од интернет, а нејзиниот изворен код ќе биде отворен, односно софтверот ќе биде ослободен од авторски права и ќе може да се менува и развива. Во прво време ќе може да се користи само со оперативниот систем Виндоус на Мајкрософт, но од Гугл велат дека “напорно работат“ на верзија за оперативните системи Mac OS и Linux.

2.09.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +