Сцена од филмот
За време на снимањето на филмот Changeling, Џејсон Батлер ја бакнал Анџелина Џоли во сцена во која не бил предвиден бакнеж. Анџелина му вратила со исто така непредвидена шлаканица.
Џејсон Батлер Харнер вели дека ја изненадил кога во една сцена ја бакнал. Претходно го прашал режисерот
Клинт Иствуд кој сака импровизации, дали смее да ја бакне
Џоли, а Клинт му одговорил потврдно. Клинт по бакнежот бил воодушевен од реакцијата на Џоли.
„Се обидувам да бидам селективен импровизацијата е во прашање. Пред тоа разговарав со Анџелина, имавме голема сцена за која се прашувавме како ќе ја изведеме. Клинт го одобри бакнежот. Ми рече да го направам тоа и дека ќе видиме што ќе се случи", раскажа Џејсон.
Иако за бакнежот се договорил со режисерот, Џејсон не сакал ништо да и каже на Џоли бидејќи сакал да ја види нејзината реакција.
„Ми удри шлаканица, а потоа ме држеше и повторно ме удри и тоа беше прекрасно. Тотално се препушти. Навистина е паметна. Убава е, но и многу паметна и прекрасна актерка“, заклучи Џејсон од оваа рекација на Анџелина.
2.09.2008