Видео: Експеримент на судниот ден – Крај на светот?
Дел од научниците се обидуваат да запрат нешто што ќе биде најмоќниот, најголемиот, а можеби и најважниот експеримент досега. Црните дупки кои ќе се креираат би можеле да ја проголтаат целата Земја.... На 10 септември!
Експериментот што треба да се случи идната недела во лабораторијата ЦЕРН, на околу сто метри под земја близу француско–швајцарската граница, некои веќе го нарекуваат „експеримент на судниот ден“.
Машината, акцелератор на честички, со чија помош ќе се изврши експериментот е долг речиси 30 километри и чини 4,4 милијарди фунти.
Во моментот кога ќе биде статувана, а тоа би требало да се случи на 10 септември, оваа апокалоптична машина за разбивање на атомите ќе стане буквално временска машина која на научниците би требало да им открие како е настаната вселената и што се случувало веднаш по Биг Бенг, пред отприлика 14 милијарди години.
Се претпоставува дека во моментот кога научниците ќе направат услови како Големиот трескот, ќе се појават честички кои создаваат материи и нови димензии, а стручњаците веруваат дека притоа ќе бидат создадени многу мали црни дупки, кои потоа би можеле да бидат кобни врз нашата планета.
Поради ова некои научници се обидуваат да го сопрат овој проект. Тие стравуваат дека истиот навлегува во нешто потполно непознато подрачје што би можело да ја загрози сигурноста на целата планета.
Групата која стои зад целиот проект, Европскиот центар за нуклеарни истражувања, тврди дека малите црни дупки ќе исчезнат веднаш штом ќе бидат создадени. Оттаму тврдат дека овој експеримент е од клучна важност за откривање на вечните мистерии за создавањето на вселената и сешто е во неа.
Сепак, нивните опоненти предупредуваат дека никој не може 100% да гарантира дека црните дупки нема да опстанат, постепено растејќи до големина која би можела да ја проголта целата Земја.
Дрогба дефинитивно останува Напаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал Рамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро Капитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев На најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико Одржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш Авторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти! Претседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.