Кривата кула во Пиза, досега најзакосена во Европа, по реставрацијата доби конкуренција во помалку познатата зграда од 12.век во холандскиот град Бедум.
Пензионираниот геометар
Јакоб ван Дијк изјави дека по спроведените мерења на 36-метарската кула на црквата Валфридус во Бедум, северна Холандија, откриено е оти овој објект сега е понакосен од италијанскиот конкурент во Пиза.
Кулата во Пиза е висока 55,86 метри и е закосена за околу 4 метри, додека кулата во Бедум е закосена за 2,61 метри за својата висина од 35,7 метри.
„Кога двете кули би биле иста височина, оваа во Бедум би била повеќе закосена“, тврди Ван Дијк.
1.09.2008