logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Маките на Ева Мендес

Заводливата актерка која неодамна го покажа своето исклесано тело во рекламната кампања за долна облека на Келвин Клајн, тврди дека одржувањето на витката линија за неа е напорна работа и дека вежбањето тешко и паѓа. Кубанската убавица и холивудска актерка Ева Мендес откри дека нејзиното заводливо тело не е само дар од Господ, туку и резултат на напорна работа во теретана и самоконтрола пред фрижидерот. Популарната актерка вели дека многу и пречи кога другите актерки тврдат дека не водат сметка за својата исхрана и дека никогаш не стапнале во теретана, бидеќи за одржување на убава фигура треба многу труд. „Секогаш барам изговори да не одам во теретана. Тоа е вистинска битка за мене. Кога ќе слушнам дека некоја глумица тврди дека не мора да внимава на исхраната, тоа многу ме разлутува бидејќи знам дека мора да се води сметка за тоа“. Ева призна дека и така чувствуа притисок од околината кога нејзините килограми се во прашање, но не се вознемирува многу заради тоа. „Јас не сум слаба девојка. Јас сум Кубанка и имам облини кои сакам да останат баш какви што се и сега“.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4903