Славната актерка во интервјуто за магазинот GQ ги откри младешките гревови, меѓу другите и дека конзумирала кокаин, како и дека често ја силувале. Од него се одрекла кога дознала кој се богати на нејзина сметка.
Оскаровката
Хелен Мирен призна во многу искреното интервју дека „сакала кокаин“ кога била млада, но престанала да го зема кога открила дека главниот нацистички бегалец и воен злосторник
Клаус Барби се богати од трговијата со таа дрога.

63-годишната Мирен за магазинот GQ рече дека се дрогирала до раните осумдесетти. „Обожавав кокаин. Но, никогаш не земав многу, туку само по малку и тоа на забави“, рече таа.
„Сето заврши кога на почетокот на осумдесеттите го фатија ’лионскиот касап’ Клаус Барби“, објасни Мирен. „Во тој момент сфатив дека постои апсолутна врска меѓу тој грозен човек во Јужна Америка и моите мали цртички кокаин на забавите“.
Не е тајна дека убавата актерка конзумирала и марихуана, која всушност ја мрази, бидејќи ја правела „јадна, параноична и несреќна“. Раскажа и како еден ден станала од кревет и и рекла „не“ на ганџата баш како што му рекла „не“ и на ЛСД-то коe го земала кога имала дваесетина години.
Изгледа цело време била под дејство на дрога бидејќи неретко „ја силувале на забавите“.
„Не беше премногу насилно, ниту ме удираа, но ме заклучуваа в соба и ме тераа на секс против моја волја“, призна Мирен на интервјуто како пред разговорот да испила серум на вистината.
Иако во минатото била повеќе бесна отколку што се мисли, многумина тврдат дека такви биле времињата тогаш и дека тоа било нормално. Хелен денес не козумира никаква дрога.