Компјутерскиот програмер Берни Пенг од Њу Џерси ја хакираше најомилената игра на својата девојка, така за одеднаш да се појави прстен и судбоносното прашање кога ќе освои одреден број бодови.
И успеа. Откако пред неколку месеци
Берни ја изведе својата чудна молба за венчавка, во саботата бидна и свадбата. Пенг се венча со
Тами Ли на свадбената церемонија со бројни алузии на нејзината најсакана игра Bejeweled.
А ни Тами не му остана должна на принцот од нејзиниот живот: нарача свадбена торта од половина метар во облик на играчка конзола од Нинтендо.

„Мислам дека многу се измачи, па на овој начин се обидов да направам нешто за него и да му вратам“, рече Тами.
PopCap Games од Сиетл, кој ја измисли играта, плати 500 долари за торта и на сватовите им подели 200 примероци од најновата верзија на својата игра.
Во оваа популарна игра, целта е да се сменуваат местата на скапоцените камења со цел да се направи една линија од три или повеќе исти камења.
Ова е веројатно прв случај во историјата, компанијата која ја изработи играта да не протестира ниту по судски пат да бара милионска отштета од хакерот кој ја повреди нивната интелектуална сопственост.