Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

„Работните односи“ заглавени во некој друг систем

Пишува: Виктор Трифуновски


Прво синдикатот нема што да биде консултиран во врска со ваквите закони. Синдикатите ниту носат инвеститори, ниту пак можат на било кој начин да го зголемат произдовството и вработеноста. Синдикатите се реално и непотребни во било која економија.

За да се зголеми реално цената на работната рака, мора да се зголеми интересот за неа. А интересот може да се зголеми само со присуство и мотивација на повеќе инвеститори. Инвеститори не може да се привлечат со силни социјални мерки, ниту со штрајкови, ниту со синдикати.

По се изгледа не сме разумни луѓе кои се спремни чесно да работат со цел подигнување на сопствениот стандард. Затоа сакаме влез во ЕУ посекоја цена, каде ќе “цицаме“ од разно-разните фондови... Редно е да си признаеме дека нашата подсвест на ЕУ гледа како на “Нова Југославија“, каде ќе се “омрсиме“ од благосостојбата која ја создал некој друг. Што народ сме ние во таков случај?

Во оној момент кога треба да се работи, кога треба да се засукаат ракави и да се поднесе голем труд пред се за сопствениот социјален статус...од нашата ментална матрица излегува грдото лице на социјализмот, социјалната еднаквост, колективизмот и сл.
Очигледно дека 17 години транзиција се однесувале само на политичкиот дел каде луѓето демократски излегуваат на гласање. По сите други прашања, пред се по економските, нашата подсвест не го напуштила социјализмот од доцните 40-ти.

Сеуште не се размислува пазарно, туку се гледа по секоја цена да се добие вработување во државен сектор...сеуште се осудува профитниот мотив во економијата, сеуште се осудува пазарната цена на трудот, сеуште се осудуваат социјалните разлики и успехот на поспособните, сеуште социјалните мерки се толкуваат исклучиво позитивно, итн...

Затоа се прашувам и себе си: “Во кој систем ние живееме..?“

- Како ќе се вработат невработените без привлекување инвеститори..?

- Како може некој да помисли да ги ограничува инвеститорите во нивните одлуки..? Така никогаш никој нема да инвестира кај нас.

За воља на вистината социјалните мерки не се драстично скратени со новиот закон. Сеуште е задолжително плаќањето во државниот пензиски и здравствен фонд. Се уште постојат “годишен одмор“ и “викенд“ како социјални категории. И на сето тоа се попречува селекцијата на работната сила, која произлегува од критериумите на работодавецот, и државата пробува да наметне свои критериуми.

Капитализмот и овојпат е изгазен, како и во многу други случаи кога станува збор за европска земја. Прашање е само кога ќе ја платиме таквата цена.




Авторот е уредник на блогот capitalism.blog.com.mk


30.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +