
20-годишната Германка ’Јасмина88’ си ја продава невиноста на интернет аукција. Вели дека не и одговараат начелата на нејзиното конзервативно семејство и дека немала полов однос бидејќи не го нашла „вистинскиот“.
Неименувана 20-годишна Германка од Касел, претставена под прекарот ’Јасмина88’ си ја продава невиноста на интернет. Таа на gesext.de објави опширно писмо со причини за својата одлука и за изгледот на идеалниот маж со кој би ја изгубила невиноста.
За Јасмина пожелни се Европјани со сини очи до 45 години, кои до 18 септември ќе дадат најголема понуда. По повеќе од 50 понуди, цената на нејзиниот химен моментално изнесува 5.700 евра, а за добиените пари вбели дека ќе си купи нов автомобил или ќе замине на патување.
Таа вели дека повеќе ни и одговараат начелата на нејзините конзервативни родители по прашањето на сексуалноста и дека немала однос досега бидејќи се уште не го нашла „вистинскиот“.
За да докаже дека е недопрена ’Јасмина88’ има сертификат со кој тоа го потврдува.
29.08.2008

































