Навистина е тешко да се поверува дека некој со толку пари не може да пронајде квалитетни дадилки кои би помогнале околу децата, но изгледа Анџелина сака сама да се грижи за сите шест.
Анџелина Џоли наводно тешко излегува на крај со грижата околу децата, посебно по раѓањето на близнаците
Нокс Лион и
Вивиен Маршелин.
Како што раскажа неименуван извор за магазинот Now!, Анџелина плаче три пати дневно, а
Бред (кој моментално се забавува во Венеција со
Клуни) веќе два пати ја пронашол онесвестена од умор во кадата.
„Непрекинато е во движење, ги дои бебињата и ги успива. Но, штом заспие едното, другото се разбудува и сака да јаде. Анџелина исто така многу малку јаде, а тоа е поради немање време. Докторите велат дека е потребно да внесува многу калории за да добие повеќе сила и поквалитетно млеко", додава изворот.
Парот, кој поради нејзиниот стрес наводно се повеќе се кара, сега бара медицинска сестра која ќе остане со нив шест недели.
29.08.2008