Вашиот партнер е под туш, а неговиот мобилен си стои пред вас. Истражувањата велат дека од три личности, една ќе ги провери пораките на партнерот. Последиците можат да бидат катастрофални.
Интернет анкетата која ја спроведе австралискиот Virgin Mobile покажува дека жените се пољубопитни кога е во прашање мобилниот на нивниот партнер.
73% кои го проверувале мобилниот од партнерот така дознале работи кои не сакале да ги знаат, а 10% дури и ја раскинале врската заради душкањето во мобилниот.
Во општество кое го сметаме мобилниот за приватна работа, многу е неверојатно колку малку ни треба да го ’украдеме’ мобилниот на партнерот и да му ги прочитаме пораките.
60% од душкалата најдобро време за ’работа’, им е кога партнерот се тушира, а околу 40% дури и додека е партнерот во истата просторија.
Скоро 45% од испитаниците рекле дека откриле пораки со романтична или сексуална содржина. Флертот е стар колку и човештвото, но фактот дека сега може многу лесно да се открие на мобилен ги прави недоверливите партнери вистински параноични душкала.
Стручњаците предлагаат душкалата да престанат со шпиунирање. Ако се сомневаат во партнерот, време е за сериозен разговор, а не за играње детективи. Дури и ако не најдат ништо во мобилниот не значи дека партнерот не ги изневерува, а ако пак е погрешно обвинет, би можело да се најде и двојно повреден поради вашето душкање.
Затоа, секој со својот мобилен!
29.08.2008