Ждрепката од Лигата на шампионите донесе прилично изедначени групи. Интересна е групата Х, каде пласман ќе бараат Реал, Јувентус и Зенит, како и изненадувањето БАТЕ, а можеби најнеизвесна ќе биде групата Д.
Во Монте Карло беше извршена ждрепката од групите на Лигата на шампионите за сезонава, во која ќе ги следиме 32-та тима на патот до големото финале.

Ждрепката донесе прилично изедначени групи, а од фаворитите потешка задача ќе има шпанскиот првак Реал, кој падна во група со Јувентус и освојувачот на Купот на УЕФА Зенит, потоа Лион кој е во група со Баерн и Фиорентина, како и групата Д, во која битка ќе водат Ливерпул, ПСВ, Марсеј и Атлетико Мадрид.

Натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите се играат на следните датуми:
16/17 септември, 30 септември/1 октомври, 21/22 октомври, 4/5 ноември, 25/26 ноември, 9/10 декември.
Светската фудбалска елита утре во Монако ќе биде дел од мечот во Суперкупот на Европа помеѓу Манчестер Јунајтед и Зенит.
28.08.2008