|
|
Палоски на позајмица во Парма
Напаѓачот на Милан и младата италијанска репрезентација замина на позајмица во редовите на второлигашот со цел да добие поголема минутажа и за да се здобие со искуство кое ќе му биде неопходно за да добие место во Милан.
18-годишниот фудбалер, кој минатата сезона одигра седум натпревари за Росонерите, ќе биде претставен пред јавноста во Парма како фудбалер кој треба да му помогне на тимот да се врати во ’елитата’.
Со доаѓањето на Андриј Шевченко и Роналдињо напаѓачките редови на Милан станаа претесни за овој млад фудбалер кој се наоѓа во период каде му треба поголема минутажа на теренот.
Заминувањето на Алберто Палоски е само едно од многуте ова лето. Од италијанскиот гигант до сега си заминаа Кафу (пензија), Сержињо (пензија), Одо (Баерн М.), Џилардино (Фиорентина), Шимиќ (Монако), Дигао (Стандард), Гуркуф (Бордо), како и некои други фудбалери кои воопшто немаа настапено на официјален натпревар.
Филип Крстевски/Таратур28.08.2008
|
|
|
|
 |
Видео: Головите што ви ги должиме Поради неодложни обврски, викендов ги немаше вообичаените видеа од натпреварите ширум Европа. Се извинуваме поради тоа и отсега продолжуваме со вообичаеното темпо - видео по секој поинтересен натпревар. |
 |
Дрогба дефинитивно останува Напаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон. |
 |
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш Авторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило. |
|