Тешко извојуваната групна фаза од Лигата на шампионите им донесе среќа на навивачите на Ливерпул, но и загриженост поради повредата на нивниот капитен.
Поради повреда на препоните
Стивен Џерард ќе биде подложен на операција поради која ќе ги пропушти квалификациските натпревари за пласман на СП2010, кои Англија ги игра против Андора и Хрватска.
Џерард веројатно нема да игра ни на големото дерби против Манчестер Јунајтед кое се игра на 13 септември.
„Тешко ми е поради повредата на Стивен. Знаевме дека има проблеми со препоните уште пред неговиот последен настап за репрезентацијата но тој ни рече дека сака да игра и покрај болките. Операцијата ќе биде рутинска и се надеваме дека ќе се врати за 15 дена“, изјави тренерот на црвените
Рафа Бенитез.
Филип Крстевски/Таратур28.08.2008