Германскиот клуб го потврди доаѓањето на десниот бек од Милан, кој на Алианц Арена ќе настапува како позајмен фудбалер со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Иако вчера се чинеше дека
Масимо Одо ќе ја продолжи кариерата во редовите на Лион, дојде до пресврт на настаните и некогашниот капитен на Лацио сега е нов член на германскиот шампион.
„Масимо Одо е играч кој може комплетно да ја покрива десната страна“, изјави тренерот на Баварците
Јирген Клинсман и додаде: „Додатен квалитет е неговото искуство, а и големите технички способности. Среќни сме што доведовме ваков играч“.
Филип Крстевски/Таратур
28.08.2008