Робињо дефинитивно оди во Челзи. И покрај тоа што се уште нема потврда доказ за ова е официјална интернет страница на клубот, каде што започнаа со продажба на дресови со името на Робињо, но без број.
Навивачите на Челзи утрово на клупската онлајн продавница ги дочека реплика од дрес со името на
Робињо на грбот, а набрзо потоа почнаа да пристигнуваат и првите нарачки.
Во Челзи очигледно сметаат дека преминот на Бразилецот на Стемфорд Бриџ е веќе готова работа, иако дресот на Робињо може да се порача само без број, бидејќи не е познато кој ќе го добие кога и официјално ќе стане фудбалер на Челзи.
Дресот на Робињо се продава во пет различни големини, а цената е 51.94 фунти. Се претпоставува дека Робињо ќе го носи бројот 7, откако Шевченко премина во Милан.
28.08.2008