Пред да стане светски популарна со Домаќинките, очајнички желна за слава Ева Лонгорија се пробала и како модел во неколку кампањи за провокативна долна облека. Погледнете ги фотографиите!
На интернет се појавија досега непознати фотографии на
Ева Лонгорија од пред седум години, додека ја чекаше својата голема холивудска шанса.

Актерката никогаш не криеше дека е гладна за ѕвезден статус, а зборот амбиција и беше најсакан.
„Го сакам тој збор. Кога ми велат да се опишам во три збора велам – амбициозна, харизматична и по малку луда“, изјави Тексашанката.

„Кога дојдов во ЛА не знаев никого. Немав пари, автомобил ни работа. Буквално дојдов со куфер и без трошка страв“.

По неколкуте улоги и повремените излети во манекенството, доби улога во сапуницата The Young And The Restless, пред да стане светски позната благодарение на Очајните домаќинки.

Неодамна откриените фотки се во целосна спротивност со изгланцаниот гламур прикажан на официјалните фотки од петтата сезона на Домаќинките објавени неделава.
Лонгорија на промо фотографија за петтата сезона на Очајните домаќинки 28.08.2008