Четири лица загинаа во авионска несреќа што денеска се случи во атарот на селото Лескоец, близу Охрид.
Мал авион од типот Z3-DCL се урнал во 12 часот и 40 минути на ливада во излетничкото место Скребатно каде денеска илјадници луѓе го прославува празникот успение на пресвета Богородица.
Во авионот од типот „цесна“ имало четири лица и според официјални извори сите загинале на самото место на несреќата.
Во несреќта животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот.
Според извештаите од теренот, избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓале девојче. Тоа освен претрпен шок нема други повреди.
Очевидци наведоа дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.
На местото на несреќата веднаш излегоа екипи на СВР Охрид и екипа на брзата помош која беше присутна на местото поради прославата на празникот.
Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
28.08.2008