Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

И БАТЕ во Лигата на шампиони


Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.

Во Галзенкирхен Шалке победи со 1:0, но во реваншот мадриѓаните беа неприкосновени и предводени од Кун Агуеро славеа со 4:0. Покрај него, стрелци беа и Форлан, Луис Гарсија и Макси Родригез.

Покрај БАТЕ Борисов во Лигата на шампионите сензационално се пласираше и кипарски Анортозис кој во 3 претколо го исфрли грчкиот Олимпијакос.

Балканските тимови имаа лош ден. Динамо Загреб загуби и по вторпат од Шахтјор, Партизан беше поразен од Фенербахче, а Левски Софија загуби токму од белорускиот шампион. Единствено романска Стеауа го елиминираше Галатасарај.

Интересно, во Лигата на шампиони ќе игра и дански Алборг, а за малку ќе се случеше чудо откако Ливерпул дури по продолженија го совлада белгиски Стандард, откако двата меча завршија 0:0.

Во ЛШ ќе ги гледаме и Фиорентина, Марсеј, Базел, Динамо Киев, Арсенал, како и тимовите кои вчера изборија пласман Панатинаикос, Јувентус и Барселона.


БАТЕ БОРИСОВ (Блр) - Левски (Буг) 1:1 (1:0)
Каунас (Лит) - АЛБОРГ (Дан) 0:2 (0:2)
ДИНАМО КИЕВ (Укр) - Спартак (Рус) 4:1 (4:1)
СТЕАУА (Ром) - Галатасарај (Тур) 1:0 (2:2)
ФЕНЕРБАХЧЕ (Тур) - Партизан (Срб) 2:1 (2:2)
БАЗЕЛ (Шва) - Виториа Гимараеш (Пор) 2:1 (0:0)
Олимпијакос (Грц) - АНОРТОЗИС (Кип) 1:0 (0:3)
АТЛЕТИКО МАДРИД (Шпа) - Шалке (Гер) 4:0 (0:1)
МАРСЕЈ (Фра) - Бран Берген (Нор) 2:1 (1:0)
Славија Прага (Чеш) - ФИОРЕНТИНА (Ита) 0:0 (0:2)
Динамо Загреб (Хрв) - ШАХТЈОР (Укр) 1:3 (0:2)
ЛИВЕРПУЛ (Анг) - Стандард Лиеж (Бел) 1:0 (0:0)
АРСЕНАЛ (Анг) - Твенте (Хол) 4:0 (2:0)


Играно во вторникот:

ПАНАТИНАИКОС (Грц) - Спарта Прага (Чеш) 1:0 (2:1)
Артмедиа (Слк) - ЈУВЕНТУС (Ита) 1:1 (0:4)
Висла Краков (Пол) - БАРСЕЛОНА (Шпа) 1:0 (0:4)






28.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +