Луѓето и шимпанзата делат 99% од гените, но луѓето живеат и до 100 години, додека најдолговечните шимпанза одвај доживуваат 50. Токму на основа на овој „генетски парадокс“, научниците се обидуваат да дојдат до формулата за еликсир на младоста, со кој луѓето би живееле и по 125 години.
Според шпанскиот весник Publico, научниците од Националниот центар за онколошки истражувања (CNIO), направиле важен чекор на патот кон бесмртноста.
Група научници предводена од
Марија Бласко (долу на сликата), успеа да создаде вид на трансгенетски суперглувци, кои во просек живеат 45% подолго од обичните глувци. „Еликсирот на младоста повеќе не е утопија“, гордо истакнаа научниците.

Долговечните глувци, научниците ги создале со помош на три водечки методи во онколошките истражувања – теломераза и гените п53 и п16. Теломеразата го продолжува животот на теломерите, еден од клучните делови на хромозомот, додека споменатите гени ги штитат матичните келии, посебно од рак.
Кај глувците бројот на случаи од рак се намалил скоро на нула, а живеат многу подолго. Научниците се уверени дека токму споменатите гени ги штитат клетките и од стареење.
Целта на научниците е новите откритија да се применат на луѓето, но претходно мора добро да истражат дали предизвикуваат некакви несакани генетски промени во метаболизмот, кои би можеле да им наштетат на луѓето и да ги убијат наместо да им го продолжат животот.
28.08.2008