Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Валенсија им одолеа на сите понуди и успеа во своите редови да го задржи најдобриот стрелец на Европското првенство во Австрија и Швајцарија,
Давид Виља.
Реал и Челзи нудеа богатство за 26-годишниот голгетер, но раководството на клубот од "Местаља" неодамна ја одбија и последната понуда од "Кралевите" (40 милиони евра, во пакет со
Гарсија и Савиола) и го продолжи договорот со Виља.
Виља го продолжи договорот до 2014 година со многу подобри финансиски услови, па со плата од 3 милиони евра по сезона ќе биде најплатен играч на Валенсија.
Задоволството од постигнатиот договор не го криеше ни претседателот на клубот
Висенте Сориано.
„Виља е врвен напаѓач и немаше никакви шанси да го пуштиме во некој друг клуб“, порача претседателот.
Виља е член на Валенсија од 2005 кога пристигна од Реал Сарагоса. Играше и за Спортинг Хихон.
27.08.2008