Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Мурињо: Шевченко беше како принц


Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.

Мурињо, во телевизиско интервју му посака се најдобро на Андриј Шевченко по повод неговото враќање во Италија, а објасни и зошто Украинецот кај него никогаш немал стаус на првотимец.

Според Мурињо, Шевченко од Милан допатувал со „статус на принц“, и таквиот негов став му оневозможил нормална соработка со Португалецот, иако никогаш немале лични несогласувања.

„Верувам дака во иднина тој повторно ќе биде врвен напаѓач, но можеби му била потребна промена, нов предизвик и ново опкружување за да биде среќен. Тој не беше мојот прв избор кога дојде, во клубот ми го доведоа како трета опција“, вели Мурињо.

„Имав прва и втора опција за напаѓачи кои ги барав. Знаев дека во тоа време во клубот прават се што можат за да ги доведат тие двајца кои ги барав, но тоа од разни причини не беше можно“, напоменува Мурињо и продолжува:

„Кога се сретнав со можноста да го добијам Шевченко реков ’да’, бидејќи без сомневање се работи за квалитетен играч. Но, тој во Милано беше како принц, а во Челзи имавме друга филозофија. Немаше принцеви, сите беа исти и сите мораа да се докажуваат за да би заслужиле место во тимот. Мислам дека тогаш изгуби самодоверба. Нов клуб, нов живот, нова лига, ново опкружување се се тоа разлози поради кои играчот тргнува во погрешна насока“, изјави харизматичниот Португалец.

Мурињо, сепак, очекува дека Шевченко по враќањето во Италија ќе се врати во старата форма.

„Тој е многу добар играч и посакувам повторно да стане Шева кој сите, вклучувајќи ме и мене, восхитуваат. Вистина е дека никогаш не сум имал лични недоразбирања со него и му посакувам се најдобро во иднина“, додаде Мурињо.


27.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +