Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
„
Болт трча 100 метри само нешто повеќе од една година, и ова што го оствари е невидено. Уверен сум дека во финалето можеше да истрча 9.52 ако не почнеше да слави“, смета
Милс.
Оваа изјава ќе може да се провери в петок во Цирих, на славниот Велткласе митинг каде Болт ќе се бори со освојувачите на среброто и бронзата од Пекинг,
Ричард Томпсон од Тринидад и Тобаго и Американецот
Волтер Дикс.
Организаторите на митингот обезбедија 34.000 евра бонус за светски рекорд плус злато вредно 18.000 евра. Болт ќе добие и 10.900 евра ако победи.
„Во Пекинг ги остварив сите свои соништа и тешко е да се очекува дека десет дена подоцна ќе ги надминам тие резултати. Сега само сакам да ја завршам сезоната без повреда“, изјави Болт.
27.08.2008