Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

На фотографија откриле дека има рак на окото


Меделајн Роб се допишувала преку интернет со една жена од Америка, и, иако никогаш не се сретнале, станале добри пријателки. Пријателката Меган и испратила фотографија од првиот роденден на својата ќерка.

Но, Меделајн на сликата здогледала нешто необично. Сенката преку едното око на девојчето и била сомнителна. Набргу на својата американска пријателка и испратила порака во која и советува да побара помош од лекар.

Кај малата Роуан Сантос бил дијагностициран агресивен вид на рак – ретинобластом, а набргу и било направено операција и хемотерапија.

Двете мајки имале деца родени во ист ден и тие секогаш им биле омилена тема во нивните интернет разговори. Но, кога госпоѓата Роб ја видела фотографијата знаела дека нешто не е во ред. “Препознав нешто што го прочитав во една статија во весник“, вели таа.

„Окото рефлектираше светлина, но она што беше невообичаено е дека тоа не се појавуваше само на една фотографија, туку на сите“, додава таа.

Меган Сантос истиот ден кога ја примила пораката го однела бебето кај лекар и состојбата е дијагностицирана. Она што е интересно е дека овој редок вид на рак може да се открие во раната фаза преку фотографиите.

Госпоѓа Сантос вели дека не може доволно да се заблагодари на својата британска интернет пријателка за советот.

„Ако Меделајн не го забележеше тоа, кој знае кога ќе го однесевме бебето на лекар. Освен преку интернет пораките, навистина не се познаваме. Долго размислувала дали да ми го испрати мејлот и сега ми е драго што го направи тоа. Би сакала да ја запознаам во живо и да ја прегрнам. Таа е причината што нашето бебе ќе го доживее вториот роденден“, додава Меган Сантос.

Бебето, за жал, ќе го изгуби окото, но лекарите велат дека шансите да преживее се многу поголеми благодарение на раната дијагноза.


27.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +