Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Додик: Нова политичка реалност на меѓународната сцена


Премиерот на Република Српска Милорад Додик денес во Бања Лука изјави дека со руското признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија се влегува во нова политичка реалност на меѓународната сцена, за што допринесе ситуацијата во Косово.

„Очигледно е дека прашањето со Косово и неговата независност беше потикнувач и за многу слични ситуации“, рече Додик, наведувајќи дека постои суштинска врска помеѓу Косово и Абхазија и Јужна Осетија.

Тој смета дека светот, кој функционира на меѓународното право, битно загрозен со унилатералното признавање на Косово, сега влегува во нова фаза на односи.

„Многу места со нерасчистени односи помеѓу централните и автономните власти ќе посегнат за слична пракса како што беше во Грузија“, изјави Додик, како што пренесува Нетпрес.

Премиерот на РС истакна дека РС нема меѓународен субјективитет и не може да ја признае Јужна Осетија и Абхазија и дека за тоа ќе одлучи Босна и Херцеговина.

„Како БиХ ќе се однесува по тоа прашање тоа е нивна работа, но она што го знаеме е дека својата позиција јасно ја поставивме кога е во прашање Косово“, додаде Додик.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој потврди дека одбраната на Радован Караџиќ, колку што му е него познато, од РС не побарала никаква документација во врска за одбраната на првиот претседател на РС пред Хашкиот трибунал.

„Доколку тоа биде побарано нормално дека тоа ќе го исполниме, како во случајот со другите обвинети во Хаг, што е во согласност со законот за соработка со Трибуналот“, заврши Додик.


27.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +