Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Кравите имаат компас


Идниот пат кога ќе поминувате покрај стадо крави обратете внимание на нивната положба. Научниците тврдат дека кравите обично се наоѓаат на оската север/југ и тоа без разлика на временските услови.

Кравите автоматски покажуваат кон север, бидејќи имаат сопствен вроден компас, тврдат научниците.

Способноста да ја пронајдат северната страна можеби е остаток од дамнешни времиња, кога нашите предци номади требало да имаат развиена ориентација во просторот, за да можат да мигрираат по пространствата на Африка, Азија и Европа.

До овој заклучок дошла д-р Сабина Бегал и нејзините колеги од универзитетот Дуисбург – Есен, кои набљудувале илјадници снимки на стока од Гугл Еарт, снимени во Британија, Ирска, Индија и САД.

Иако повеќето снимки не биле доволно остри за да се утврди на која страна на светот стоката е свртена, заклучено било дека се наоѓаат на оската север/југ.

Големите варијации во насоката на ветрот и сончевите промени во овие подрачка им покажале на научниците дека овие два фактори се исклучени како пресудни за страната на светот кон која се свртени.

„Заклучивме дека магнетното поле е единствено заедничко и најверојатно главен фактор за ваквата ориентација“; велат научниците во статијата објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences Journalu.

Веќе е познато дека многу животински видови го користат магнетното поле на земјата при своите годишни миграции, како што се на пример, желките, лососите, термитите и птиците.



27.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +