Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Уапсен кралот на крадците на велосипеди


Канадската полиција го уапси веројатно еден од најголемите крадци на велосипеди во светот. Станува збор за 49-годишен маж кој украл дури 3000 велосипеди од своите сограѓани.

Канадската полиција го уапси најголемиот крадец на велосипеди на светот.

Станува збор за 49-годишниот Игор Кенк од Торонто, кај кого биле пронајдени 2.865 велосипеди и сега чека судење поради кражба, обид за кражба, поседување на украдена стока, како и поседување на алат за крадење.

Кенк бил фатен откако во текот на јуни биле пријавени поголем број кражби на велосипеди, поради што полицајците, како мамки, ’засадиле’ велосипеди низ целиот град и внимателно ги набљудувале.

Еден ден Кенк со својот соработник поминал покрај два велосипеди и се обидел да ги украде, но во мигот кога мислеле со нив да побегнат, биле уапсени од полицајците во заседа.

Подоцна полицијата влегла во продавницата Бајсикл Клиник, каде морале со помош на пожарникари да ги тргаат прозорците од првиот кат и велосипедите да ги извлекуваат со помош на импровизирана дигалка.

Уште 200 велосипеди биле пронајдени во станот на Кенк, заедно со големо количество дрога. Десетина луѓе откако разбрале за случајот се пријавиле во полиција дека Кенк од нив изнајмил гаражи, кои биле исто така, преполни со велосипеди.

Досега дури 15 илјади луѓе ја посетиле полициската станица со надеж дека ќе ги пронајдат своите велосипеди, а околу 500 од нив имале среќа.

27.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Видео: Головите што ви ги должиме
Видео: Головите што ви ги должиме
slikaПоради неодложни обврски, викендов ги немаше вообичаените видеа од натпреварите ширум Европа. Се извинуваме поради тоа и отсега продолжуваме со вообичаеното темпо - видео по секој поинтересен натпревар.
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +