Среќната мачка, со уште посреќната сопственичка
Четиригодишната мачка Бони преживеала седум недели заѕидана под кадата, во германскиот град Штатхаген. Нејзината сопственичка не дозволила да биде еутанизирана, и мачката сега е жива и здрава!
„Тоа е чудо. Јас сум голем верник и мислам дека мачето има ангел – чувар“, изјави
Моника Хопер, 60-годишна вдовица од Штадхаген, Германија.
Бони, црна мачка со зелени очи, исчезнала на 19-ти јуни, кога водоинсталатери менувале цевки во зградата. Мачката веројатно незабележана се склупчала под кадата кога мајсторите повторно ја заѕидале.
Сопственичката го слушнала повторно нејзиното мјаукање позади плочките на осми август. Бони од шест спаднала на два килограми, а ветеринарот предложил да ја успијат. Но, Моника не дозволила и успеала да и помогне да закрепне, хранејќи ја со разводенета храна за мачки.
„Бони беше само коски и кожа, и изгледаше како да е во кома“, изјави Моника Хопер.
„Сега е повторно онаа старата“, вели сопственичката, „сабајле за првпат повторно скокна на мојот кревет“.
27.08.2008