Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!


Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Интересно е дека Немања, во Манчестер познат под прекарот Стена, истакна дека периодот во Манчестер Јунајтед му претставува само скалило во неговата кариера, а дека следна дестинација би можела да биде шпанската Примера. Не поради незадоволство, туку едноставно - поради климата.

„Никогаш нема да останам да живеам во Англија. Помеѓу облачните денови добивате само неколку сончеви интервали. Зимата е блага, но в лето температурата е само нешто над 20 степени. И секогаш дожд, дожд и само дожд“, започна Видиќ.

„Би сакал да се пробам во уште некоја топ лига.... шпанската. Барем не би морал да се грижам за тоа какво ќе биде времето. Во Англија ми рекоа дека Манчестер е вистински дождлив град. Би рекол дека овде главна атракција е железничката станица каде луѓето едвај чекаат да фатат некој воз и да побегнат во некои потопли краишта“, изјави Видиќ и се осврна на британскиот начин на живот каде за разлика од Русија и Србија нема многу дружење.

„За разлика од Србија и Русија каде што играв порано, овде начинот на живот е тотално поразличен. Овде луѓето едноставно немаат време да почувствуваат радост. Се работи напорно во текот на неделата, а единствен момент за разговор е околу ручекот. Потоа доаѓа вечерното гледање телевизија и раното станување утредента, бидејќи е нов работен ден. Единствено време кога можете на мир да се видите со пријателите е викендот, но за фудбалерите тоа е најзафатениот ден во неделата“, вели Видиќ.

„Се сеќавам кога дојдов овде немав со кого да разговарам. Живеев сам во хотел кој го напуштав само кога одев на тренинзи. Помислив дека ќе полудам сам во тие четири ѕида“, заврши Видиќ кој во дресот на Манчестер има освоено две титули во Англиското првенство, Лигата на шампионите и два Супер купа на Англија.

Договорот на Видиќ со Манчестер му истекува во 2012 година. За англискиот првак одигра 70 натпревари и постигна четири гола.


27.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +