Барселона беше поразена од Висла, Јувентус ремизираше со Артмедија, а Панатенаикос ја совлада Спарта, што беше доволно за овие тимови да се најдат во групната фаза од Лигата на шампионите.
Квалификациите се кон самиот крај, а остана само да се доиграат возвратните натпревари од третото квалификациско коло.
Првите три се одиграни и во нив пласман во групната фаза од ова елитно натпреварување, како што и се очекуваше освоија фаворитите, додека преостанатите 13 натпревари ќе се одиграат во тек на денешниот ден.
Победата во првиот меч од 4:0 се одрази на Барселона која беше поразена од Висла Краков. Иако домашните славеа, сепак
победата од 1:0 едноставно не беше доволна за да се загрози каталонскиот гигант.
Јувентус на гостувањето кај Артмедија
одигра 1:1. Домашните први поведоа со фантастичниот гол на
Бранислав Фодрек во 12 минута, а конечните 1:1 ги постави
Амаури по само десетина минути.
Единствен кој осигура пласман со две победи е Панатенаикос кој по 2:1 во првиот натпревар, вечерва во Атина со
минимални 1:0 беше подобар од Спарта Прага.
Како што веќе знаете, головите и поинтересните моменти од натпреварите ширум светот можете да ги најдете во категоријата Фудбал видео.
Филип Крстевски/Таратур27.08.2008