Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Груевски најомилен политичар


Премиерот Никола Груевски и понатаму е најпопуларен политичар кај Македонците. Според анкетата што ја направи Таратур, над половината од испитаниците гласаа за Груевски, додека како единствен ривал се наметнува претседателот Црвенковски.

Македонскиот премиер Никола Груевски е најомилениот политичар, покажа анкетата на Таратур спроведена од 19 до 26 август годинава. Вкупно гласаа 1421 посетител, од кои дури 55% за лидерот на ВМРО ДПМНЕ, а како единствен опонент се наметна претседателот на Македонија Бранко Црвенковски.

Претседателот, кој најави враќање во редовите на СДСМ и се впушти во политичка борба со владејачката партија, очигледно ги доби симпатиите кај членовите и поддржувачите на СДС, па така за Црвенковски гласаа 24% од гласовите, додека лидерката во оставка Шекеринска доби само 4%, а поранешниот лидер Бучковски одвај два.

Од политичарите од партиите на албанското малцинство, најпопуларен е претседателот на ДУИ, Али Ахмети со 5%, за водачот на ДПА, Мендух Тачи гласаа 3 проценти, а за поранешниот министер за здравство Имер Селмани два посто.

Од останатите политичари кои Таратур ги наведе во анкетата, Љубисав Иванов Ѕинго доби 3%, а Тито Петковски и Јово Манасијевски имаат неверојатно низок рејтинг со оглед на тоа што за нив гласаа само по еден процент од испитаниците.

Поради лидерската криза во врвот на СДСМ, Таратур ќе се обиде да и помогне на најголемата опозициска партија, со тоа што ќе го измери пулсот на македонските граѓани во врска со нивниот став за можен лидер на партијата.

Даваме неколку предлози кои сметаме дека се најсериозни, личности околу кои се врти името на (старо) новиот предводник на партијата, која ја поминува најголемата криза од нејзиното постоење досега, а како опција ги понудивме и „да остане Радмила Шекеринска“, како и „на партијата и треба ’ново лице’“.




27.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +