Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

САД зготви план за името?

Наводно си се договориле, што ќе прават со нас...

Проблемот со името можно е да биде решен во септември, наводно по планот што го конструирале САД и Атина. Понудата ќе биде „земи или остави“, а во случај Македонија да не се согласи, тогаш Вашингтон ќе се откажел од поддршката на земјава.

Кондолиза Рајс на 23 септември во Њујорк ќе го претстави планот за решавање на прашањето за името пред министрите за надворешни работи на Атина и на Македонија, Дора Бакојани и Антонио Милошоски.

Во наредниот ден, на 24 септември, планот ќе биде претставен и пред Советот за безбедност на ОН. Ова, како што пренесува Дневник, го пишува аналитичарот Сем Вакнин во текст објавен во „Лос Анџелес хроникал“ и во „Интернешнл аналист нетворк“, притоа повикувајќи се на дипломатски извори.

Само за илустрација, добро е да потенцираме дека аналитичарот Вакнин во последниов период напиша неколку антимакедонски колумни во кои покрај политиката на македонската влада, дури и ги навредуваше Македонците.

Решение, според дипломати, најверојатно ќе биде Северна Македонија и ќе им биде понудено на двете страни според принципот „земи или остави“. Според Вакнин, станува збор за грчко-американски план, а македонската Влада можеби и не знае за неговото постоење, пишува Дневник.

Планот бил резултат на серија тајни средби меѓу грчки и американски претставници, а бил финализиран во јуни на конференција што се одржала во Вашингтон и на која присуствувале и Бакојани и Рајс.

Планот за кој пишува Вакнин има пет елементи, а вклучува промена на уставно име на Република Македонија, транзициски период од најмногу десет години за да се случи тоа и за да се смени регистрираното име во разни меѓународни и мултилатерални институции, потоа Македонија ќе добие покана за членство во НАТО, но не и датум за преговори со ЕУ.

Во петте точки се предвидува и двете земји да можат да ја користат придавката „македонски“ (и комерцијално и за некомерцијални цели), а и Македонија и Грција ќе декларираат дека немаат територијални претензии кон другата страна.

Планот веќе го објавија и дел од грчките медиуми, повикувајќи се на американски дипломатски извори. Западни дипломати за „Дневник“ велат дека не можат да ја потврдат ваквата информација, но немаат дилема дека е можно да се подготви план за кој двете страни знаат, а една не.

Според нив, ова е можно во случај едната страна да е послаба, ако ги опструира преговорите или уште повеќе ако ги саботира преговорите.

Истите извори велат дека се убедени дека дел од елементите во планот се малку претерани и дека не е логично од Македонија да се бара да го смени уставното име, туку тоа повеќе го гледаат како притисок врз владата на Груевски. Според нив, наместо уставното, ќе се бара промена на името за меѓународна употреба.

Тие планот го толкуваат како финален, од типот „земи или остави“ и во случај Македонија да не се согласи, тогаш САД ќе се откажат од поддршката за земјава.
Според дипломатите, во целиот план Американците водат сметка за сопствените интереси.

Новата администрација во САД, наводно во наредниот период ќе се фокусира повеќе на Русија, а не на Ирак и Авганистан, па велат, сосема логично е да сака сите соседи на Србија, која ја смета за „агент“ на Русија во регионот, да бидат членки на НАТО.

На тој начин, според нивното објаснување, ќе се прекине врската меѓу Србија и Грција како антиамериканска членка на алијансата. Тоа е американскиот интерес, објаснуваат изворите на Дневник.

Вакнин тврди дека сега Вашингтон притисокот ќе го насочи кон Македонија и ќе бара промена на името што ќе биде прифатливо за Атина и за грчкото лоби во САД.
Доколку „пријателското“ убедување изостане, САД дури може да се заканат и со умерени санкции, како што е суспензија на неколку воени договори.

„Македонија ќе биде присилена на навредливо повлекување, а поканата за НАТО би следувала веднаш за да има време членството да се ратификува од сите земји во алијансата“, пишува во анализата на Вакнин.

Петте елементи што ги објави Вакнин
1 Република Македонија ќе го смени своето уставно име (веројатно во Северна Македонија, иако за тоа уште нема одлука)

2 На Македонија ќе и' се даде транзициски период од најмногу десет години за да го смени Уставот и да го смени регистрираното име во разни меѓународни и мултилатерални институции

3 Македонија ќе добие покана за членство во НАТО, но не и датум за преговори со ЕУ

4 Двете земји ќе можат да ја користат придавката „македонски“ (и комерцијално и за некомерцијални цели) и

5 Двете страни ќе отфрлат какви било територијални претензии кон другата страна.


Дневник/Таратур
27.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +