Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето


Потпретседателот на Милан вели дека тој си го сторил своето со купување на многу засилувања, па сега на потег е тренерот Карло Анчелоти.

Милан навистина донесе многу фудбалери пред почетокот на сезоната. Тимот е засилен на секоја позиција. Има нов голман, два одбранбени фудбалери, три фудбалери од средниот ред, напаѓачи... Галијани е уверен дека го има идеалниот тим за да го освои првенството.

„Мислам дека Анчелоти мора да биде задоволен со летните засилувања. Сега тој е на потег и мора да го освои Скудетото. Имаме екипа за титулата и тренерот е свесен за тоа. Не значи дека мора да се освои, но барем да бидеме во игра се до последното коло“.

Галијани проговори и за шпекулациите кои велат дека наредната година Кака ќе оди во Челзи: „Тоа не е вистина, тој е фудбалер на Милан се до 2012 година. Плус и неговата желба е еден ден да биде капитен, а и овде да ја заврши кариерата. Ги уверувам сите дека ние немаме намера да го продадеме и дека кога го купивме Шевченко, Кака не беше ниту спомнат во преговорите“.

„Оваа сезона можат да си заминат Палоски и Одо кој е веќе во преговори со Лион, додека Бориело дефинитивно останува“.

Филип Крстевски/Таратур
27.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +