Боливудските продуценти на филмот Hari Puttar: A Comedy of Terrors ќе се најдат на суд бидејќи Ворнер Брос смета дека името на комедијата е пресличнo со името на најславното дете волшебник.
Иако боливудските филммејкери често ги копираат делата на нивните западни колеги, во овој случај се чини дека Индијците сепак не се криви, односно не ја оштетиле филмската куќа на Хари Потер.
Имено, продуцентот на филмот,
Муниш Пури објаснува дека името Хари е многу често во Индија, а дека „путар“ на пунџаб јазикот значи „син“. А, наводно продуцентите на филмот уште пред три години законски го регистрирале името на сега спорниот филм.
Во секој случај, спорен е само називот, бидејќи содржината на филмот нема никакви допирни точки со приказната за малиот волшебник. Комедијата го следи момчето кое откако родителите му заминуваат на одмор, останува сам дома и се бори со провалниците. Поради што би можеле да заработат тужба од сопствениците на правата на мегапопуларната детска комедија
Сам дома.
Инаку, премиерата на спорниот филм е веќе на 12 септември во Индија, значи скоро една година пред премиерата на новото продолжение од Хари Потер.
27.08.2008