Денеска официјално беше поставен камен темелникот на отпочнување со изградба на трговски центар на улица “Железничка бб“. Инвеститор на новиот трговски ќе биде компанијата “Елан Пропертиес“ која е дел од реномираната групација “Екуест Балкан Пропертиес“ со седиште во Лондон. Изведувач на работите е “Гема груп“ од Скопје.
На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како и претставникот на инвеститорот Кари Хаатаја.
Премиерот Груевски изјави дека Владата во изминатите три години вложила многу енергија за да привлече што повеќе странски директни инвестиции, во насока на постигнување на висок и одржлив економски развој во Македонија.
“Во првите пет месеци во 2008 година во Македонија влегле 230,7 милиони евра странски инвестиции, сума која речиси ја достигнува висината на вкупните странски инвестирања за вкупната 2007 година. Доколку не се земе предвид продажбата на монополот ЕСМ, инвестиците во првите пет месеци од ова година се повисоки од годишниот просек за периодот 2003-2006г. за цели 53 милиони евра. Овие податоци покажуваат дека економијата во Македонија оди во преодна насока и се забележува тренд на стабилен раст на странски директни инвестиции што не било карактеристика во минатото, иако на овој план има простор за уште поголеми достигнувања. Денешниот настан преставува едно камче во мозаикот на странски директни инвестиции кои се случуваат, и уште една потврда дека странскиот капитал ја согледал одобрената бизнис клима во Државата“, изјави премиерот Груевски.
Премиерот додаде дека со поставувањето на камен темелникот на новиот трговски центар на инвеститорот “Елан Пропертиес“, се зголемува висината на странските директни инвестиции во државата се создаваат услови за отварање на нови работни места, и се дава нов квалитет во градењето на потрошувачкото општество.
Министерот Јанакиевски изјави дека со поставување на камен темелникот се потврди дека она што беше ветено се остварува, а со тоа се демантираат сите зло намерни шпекулации.
“Реформите кои како Влада ги споредуваме во делот на подобрување ан бизнис климата и олеснување и сигурност на инвестициите, беа препознаени од инвеститорите од “Елан Проперитес“, кои по примерот на инвестициите кои ги имаат во земјите од регионот, ќе инвестираат 45 милиони евра од својот капитал во Македонија. Потпишувањето договор со ова реномирана компанија значеше повеќе кратна добивка за Македонија, затоа што главниот град ќе добие нов реномиран трговски центар со близу 100 нови продажни простории, но исто так ќе се овозможат и близу 500 нови вработувања за македонските семејства“, додаде Јанакиески.
26.08.2008