Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Русија ги призна Абхазија и Јужна Осетија


Како што и можеше да се очекува, Русија денес ја призна независноста на отцепените грузиски автономии Јужна Осетија и Абхазија, а покрај тоа најави дека ја прекинува соработката со НАТО. Следуваа реакции од целиот свет.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев го потпиша указот со кој, двете сепаратистички области Абхазија и Јужна Осетија, како независни држави.

„Потпишав указ, со кој што Руската федерација ја признава независноста на Јужна Осетија и независноста на Абхазија“, изјави Медведев во телевизиско обраќање.


Медведев денес му наложи на министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со отцепените грузиски автономии Јужна Осетија и Абхазија.

Медведев со указот наложи и подготовка на нацрт договор за пријателство, соработка и заедничка помош со Јужна Осетија и Абхазија, откако соопшти дека Русија ги признава независностите на грузиските автономни области и републики.

Во текстот се наложува министерството за надворешни работи со страните на Јужна Осетија и Абхазија да спроведе „преговори за воспоставување дипломатски односи и постигнатиот договор да се оформи со одговорни документи“.


Претседателот на Абхазија Сергеј Багапш на ја исклучи можноста Сухуми и Москва наскоро да потпишат воен договор, јавува Нетпрес.

„Постојат и наши предлози да се заклучи воен договор. Ја сфаќаме целата ситуација и стратешката и политичката. Затоа тој документ ќе биде потпишан“, изјави Багапш за ТВ каналот “Вести“.


Русија ја прекинува соработката со НАТО во низа области

Русија планира да ги одложи посетите на високи претставници на НАТО и да ја прекине заедничките вежби со Алијансата, соопшти постојаниот руски претставник во НАТО, Дмитриј Рогозин.

„Нема да има заеднички воени вежби“, изјави Рогозин на пресконференција во Москва, додавајќи дека посетата на генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер, планирана за октомври, ќе биде одложена, пренесува Макфакс.

Рогозин најави дека прекината ќе биде соработката со НАТО во сите заеднички мировни операции „за најмалку шест месеци“. Тој истакна дека засега Русија ја продолжува соработката со Алијансата во Авганистан.


Реакции по руското признавање на Абхазија и Јужна Осетија

Откако Русија денеска ја призна независноста на грузиските сепаратистички области Абхазија и Јужна Осетија, веднаш стигнаа реакции од големите светски сили на таквата одлука.

„Сметаме дека признавањето на Јужна Осетија и Абхазија е во спротивност со меѓународното право“, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел на прес конференција во Талин. Таа истакна дека принципот на територијалната целост е еден од столбовите на меѓународните односи и оти „Европската унија ќе се придржува кон тоа“.

Како што пренесува Макфакс, со своја реакција се огласи и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која од Рамала, на Западниот брег, порача дека таквата одлука на Русија е „жална“.

„Ние сметаме дека таквиот чекор е достоен за жалење и потсетуваме дека стоиме на својата позиција за поддршка на територијалната целост на Грузија, истакна портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Ерик Шевалие.

Остра реакција на руската одлука испрати и британската влада. Лондон категорично го отфрли признавањето на независноста на Абхазија и Јужна Осетија од страна на Русија и го потврди „суверенитетот“ на Грузија врз двете сепаратистички области.

„Таквата одлука противречи на обврските на Русија, преземени со резолуцијата на Советот за безбедност, со што на никаков начин не се подобруваат перспективите за мир во кавкаскиот регион“, изјави портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд смета дека признавањето на независноста на двете сепаратистички области претставува „смислено нарушување“ на меѓународното право.

„Признавањето на Јужна Осетија и Абхазија од страна на Русија не е засновано врз меѓународна правна рамка“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Франко Фратини. Тој истовремено, изрази огорченост од едностраната одлука на Кремљ.


26.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Видео: Головите што ви ги должиме
Видео: Головите што ви ги должиме
slikaПоради неодложни обврски, викендов ги немаше вообичаените видеа од натпреварите ширум Европа. Се извинуваме поради тоа и отсега продолжуваме со вообичаеното темпо - видео по секој поинтересен натпревар.
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +