logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Деколте од кое се врти во главата

Благодарение на WineRack секоја дама ќе може да има неодоливо деколте. Овој градник ги зголемува градите за дури два броја со помош на два специјални меури наполнети со вашиот омилен пијалок. Видео! Во мноштвото гаџети кои секојдневно се појавуваат на пазарот, некои се навистина генијални, но повеќето воглавно се прилично дебилни... како на пример овој. Станува збор за т.н. WineRack или во превод „Вински градник“.
Иако на прв поглед изгледа како обичен спортски градник, всушност се работи за необична финта. Имено, градникот има специјални прегради во кои можете да ставите непропусни кесички наполнети со омилениот пијалок, алкохолен или безалкохолен, како што сакате. Покрај двата мали меури, кои визуелно ги зголемуваат градите за дури два броја, добивате и сламка со која го празните градникот и патем, не заборавајте го намалувате и деколтето.
Пијалокот сместен меѓу гради многу брзо се загрева, па затоа добро размислете што ќе си наточите. Ви препорачуваме жестоко, бидејќи со него и со вашето „бујно“ деколте сигурно ќе го совладате саканиот „плен“. Цената на градникот е околу 40 долари и доаѓа во две величини – С и М, а интересот засега е навистина голем. Firebox.com [1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4787