Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Нимиц може да ги „замрзне“ разговорите


Како што тврдат грчките медиуми, Нимиц наводно ќе ги замрзне разговорите за името, ако Македонија продолжи со некооперативниот став. Македонската влада обвинува дека другата страна не сака решение.

Посредникот Метју Нимиц ја разгледува можноста да ги „замрзне“ разговорите за името доколку Македонија продолжи со некооперативниот став до седницата на Генералното собрание на ОН, кон крајот на септември.

Оваа вест, како што јавува Макфакс, денеска ја објавува конзервативниот атински весник „Катимерини“, повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот наведува дека медијаторот Метју Нимиц „е налутен“ поради ставот на премиерот Никола Груевски дека Македонија нема да прифати едно име како решение за спорот, соопштен овој викенд.

Нимиц, според „Катимерини“, на неодамнешната средба во Скопје, го предупредил Груевски дека неговиот непопустлив став може да доведе до шестмесечно замрзнување на разговорите.

Сепак, медијаторот е убеден дека Македонија е подготвена да ги засили преговорите, пишува англиското издание на Катимерини.

Грчки дипломати за весникот потврдиле дека Нимиц го отворил прашањето за Македонската Православна Црква за време на разговорите со Вселенскиот патријарх Вартоломеј на Атос. Според нив, меѓутоа, нема докази дека прашањето за црквата била главна точка на разговорите.


Боцевски -Грција не сака решение за името

Грција е страната која не сака да се надмине спорот за името, порача денеска македонскиот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски.

„На цел свет му е јасно која е страната, која што не сака да се надмине спорот, тоа републиката, чиј што главен град е Атина“, изјави Боцевски за Макфакс, запрашан да ги коментира наводите на грчкиот печат дека медијаторот Метју Нимиц размислува за „замрзнување“ на преговорите за името.

„Македонија и натаму останува активен и конструктивен учесник во овие процеси“, изјави вицепремиерот.

Конзервативниот „Катимерини“ денеска пишува дека посредникот Нимиц ја разгледува можноста да ги „замрзне“ преговорите, доколку Македонија продолжи со некооперативниот став до седницата на Генералното собрание на ОН кон крајот на септември. Атинскиот весник, како што пренесува Макфакс, се повикува на неименувани извори.


Макфакс/Таратур
26.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +