Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Ривалдо од АЕК се сели во Узбекистан + видео


Легендарниот Бразилец по долго време се врати на насловните страни низ светот. Како што сите пренесуваат, тој за неколку дена ќе биде нов играч на узбекистанскиот клуб Курувчи.

Ето не сакаше, а Ривалдо не се мислеше ниту една секунда. Бразилецот денес и сам ја потврди веста.

„Ги замолувам навивачите на АЕК да ми простат поради заминувањето, но ваква великодушна понуда не можев да одбијам. Јас сум пред крајот на кариерата и во таквите моменти понудите едноставно не се одбиваат“.

Ривалдо последните четири години ги помина во Грција, од кои три во Олимпијакос и последната во АЕК. Пред тоа играше за тимот на Милан со кој ја освои Лигата на шампионите, додека претходно дури настапуваше за Барселона беше прогласен за најдобар играч во светот.

Деталите од договорот со Курувчи не се познати, но како што вели Ривалдо, понудата е прилично богата. Бразилецот има 36 години и се очекува дека во Узбекистан ќе помине само една сезона, а потоа ќе замине во Бразил каде планира и да се пензионира.

Да се потсетиме на неговата фудбалска магија:


Филип Крстевски/Таратур
26.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +