Францускиот претседател, освен што изигрува кловн при секој јавен настап, се поприсутен е поради неговиот брак со Карла Бруни, отколку заради политиката што ја води. Последната приказна – Карла е трудна!
Претседателот на Франција, кој во своите настапи неколку пати ја поддржа геноцидната грчка политика во однос на Македонија има мизерен рејтинг во својата земја, а е цел на исмевање на скоро цела Европа.
Како и да е, тоа не го спречува да ’кулира’ со
Карла Бруни, со која моментално е на одмор. А, таму
Саркози, намерно или не, допирајќи го
стомакот на својата сакана ги поттикна гласините дека Карла е трудна.
Минатиот месец г-ѓа Бруни призна дека премногу сака дете, а на прашањето дали е во блажена состојба, таа одговори: За жал, не!
„Веќе започнав да се грижам дали се имам здебелено бидејќи сите ми го поставуваат истото прашање. Не сум трудна, иако со задоволство би сакала“, додаде Карла.
Убавицата веќе има седумгодишен син од својата поранешна врска.
25.08.2008