Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

ФФМ: Влезниците во продажба од наредната сабота


Како што објави нашата фудбалска федерација, влезниците за натпреварите кои Македонија ги игра со Шкотска и Холандија ќе можат да се купат веќе од 30 август.

Во целост ви го пренесуваме соопштението кое стои на официјалната веб страна на Фудбалската Федерација на Македонија:

Влезниците за квалификациските дуели со Шкотска и Холандија љубителите на фудбалот во Македонија ќе можат да ги купуваат од 30-ти август (сабота. 08.00 часот) на билетарите на Градски стадион и тоа по цена:
Шкотска – јужна трибина 1000 денари.
Шкотска – западна трибина 500 денари.
Холандија – јужна трибина 1000 денари.
Холандија – западна трибина 500 денари.

Во пресрет на овие средби ФФМ и МВР до јавноста го испраќаат следното соопштение:

Сите заинтересирани навивачи кои сакаат да ги следат средбите со Шкотска и Холандија ќе можат да купат по најмногу две влезници по натпревар и тоа со идентификација со лични документи.

За гостинските навивачи влезниците ќе бидат распределени преку Фудбалските федерации на Шкотска и Холандија и тие ќе бидат сместени на источната трибина. Секој гостински навивач кој ќе биде затекнат на Јужната или Западната трибина ќе биде отстранет од стадионот заради негова безбедност. Влезницата ќе биде одземена и по спроведената контрола(според идентификацијата) против препродавачот на истата ќе бидат превземени соодветни санкции.

Се предупредуваат сите посетители на натпреварите при влезот со себе да не носат било какви предмети( запалки, пенкала, дрвени и железни држачи за знамиња, ситни железни пари или било кој друг предмет кој претставува опасност), навивачки реквизити (пиротехника), пијалоци кои можат да се злоупотребат за фрлање кон противничките навивачи, или пак кон фудбалерите на теренот. Сите оние кои ќе бидат откриени дека поседуваат било какви пиротехнички материи ќе бидат отстранети од стадионот, а материјалите и картите ќе им бидат неповратно одземени. Воедно ќе следуваат и соодветни санкции.

Се молат посетителите да се воздржат од расистички скандирања или неспортско навивање кое може да повлече драстични казни од страна на органите на ФИФА и УЕФА.

Актерите на теренот треба да се бодрат спортски и во духот на фер-плејот. Во таков дух треба да се однесуваме и кон гостинските навивачи.


25.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +