Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Реал со 9 играчи го освои шпанскиот Суперкуп (Видео)


Кралскиот клуб на Сантијаго Бернабе ја совлада Валенсија со 4:2 и уште еднаш ја потврди својата супериорност во Шпанија.

Реал во возвратниот натпревар влезе со заостанување од 1 гол (3:2) од Местаља, но на својот тревник со два играчи помалку успеа да ја совлада Валенсија.

При резултат од 1:1 (Д.Силва, В.Нистелрој), откако поради црвени картони играта ја напуштија Ван дер Варт и Ван Нистелрој, шпанскиот првак во три наврати успеа да ја затресе мрежата на Тимо Хилдебранд. Стрелци беа Рамос, Де ла Ред и Игуаин, а вториот погодок за Лилјаците го постигна поранешниот играч на Реал Фернандо Мориентес.

Натпреварот на Сантијаго Бернабе започна со едноминутен молк поради загинатите во тешката авионска несреќа во Шпанија. Помеѓу 154 погинати лица беше и мајката на 15-годишниот Мартин Кожухаров, фудбалер кој неодамна му се приклучи на младиот тим на Реал Мадрид.

Шустер вчера не можеше да смета на Весли Санјдер, Фабио Канаваро, Хавиер Савиола, Мичел Салгадо и Криштоф Метзелдер, како и на Гаго и Марсело кои туку што ги завршија своите настапи на ОИ во Пекинг. Сепак, кралскиот клуб покажа карактер и квалитет и дури без двајца играчи го декласираше својот противник.

Видеото од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија можете да го погледнете
овде.

Филип Крстевски/Таратур
25.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Видео: Головите што ви ги должиме
Видео: Головите што ви ги должиме
slikaПоради неодложни обврски, викендов ги немаше вообичаените видеа од натпреварите ширум Европа. Се извинуваме поради тоа и отсега продолжуваме со вообичаеното темпо - видео по секој поинтересен натпревар.
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +