Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Видео: Првиот италијански трофеј за Мурињо


Со подобро изведување на пенали Интер славеше победа од 6:5 над Рома со што новиот тренер на нароаѕурите ја започна сезоната со титула во италијанскиот Суперкуп.

Интер дојде до водство во 18 минута кога Сали Мунтари во своето официјално деби по доаѓањето од Портсмут ја затресе мрежата на Римјаните, кои пак во 40 минута возвратија преку Де Роси, кој со силен удар од 20 метри ја затресе мрежата на немоќниот Жулио Цезар.

Кога резервистот на Интер Балотели погоди во 83 минута се чинеше дека нероаѕурите се на прагот на победа, но Мирко Вучиниќ со гол во последните минути го одведе натпреварот кон продолженија.

Победникот во Суперкупот го одлучи Жуан кој не беше сигурен при изведувањето на пенал.

„Го освоив Суперкупот, но сакам да потсетам дека го освоив поради шансата која ми ја даде Роберто Манчини - освојувачот на Скудетото.“

„Овој натпревар е одговор на сите оние кои трврдат дека во Италија не се игра добар фудбал. Видовме спектакл со четири погодоци“, изјави Португалецот на клупата на Интер Жозе Мурињо.

Видео од натпреварот!

Филип Крстевски/Таратур
25.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +