Дејвид и Викторија Бекам неповредени се извлекоа од тешката сообраќајна несреќа на француската ривиера во близина на Ница.
Славната двојка доживеа тешка несреќа во петокот кога биле на пат од својата куќа во Франција кон аеродромот во Ница. Бекамови брзале да го фатат авионот за Пекинг, па
Дејвид во еден момент изгубил контрола над својот автомобил и удрил в ѕид.
Во сообраќајната несреќа не учествувале други возила, а Бекамови не се повредени во сообраќајката, изјавиja од полицијата.
Предното стакло од автомобилот било целосно скршено, а десната страна од БМВ-то оштетена. Дејвид и
Викторија биле извлечени од возилото неповредени, но многу потресени.
Случајните минувачи на местото на несреќата потврдија дека откако биле извлечени од возилото фудбалската ѕвезда цело време ја гушкал и бакнувал својата сопруга, која била многу исплашена и се „гушела“ во солзи.
„Брзаше на аеродром за да го фати летот за Пекинг, каде учествуваше во церемонијата на затворањето на Олимписките игри“, изјави неименуван извор.