Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Бекамови имаа сообраќајка


Дејвид и Викторија Бекам неповредени се извлекоа од тешката сообраќајна несреќа на француската ривиера во близина на Ница.

Славната двојка доживеа тешка несреќа во петокот кога биле на пат од својата куќа во Франција кон аеродромот во Ница. Бекамови брзале да го фатат авионот за Пекинг, па Дејвид во еден момент изгубил контрола над својот автомобил и удрил в ѕид.

Во сообраќајната несреќа не учествувале други возила, а Бекамови не се повредени во сообраќајката, изјавиja од полицијата.

Предното стакло од автомобилот било целосно скршено, а десната страна од БМВ-то оштетена. Дејвид и Викторија биле извлечени од возилото неповредени, но многу потресени.

Случајните минувачи на местото на несреќата потврдија дека откако биле извлечени од возилото фудбалската ѕвезда цело време ја гушкал и бакнувал својата сопруга, која била многу исплашена и се „гушела“ во солзи.

„Брзаше на аеродром за да го фати летот за Пекинг, каде учествуваше во церемонијата на затворањето на Олимписките игри“, изјави неименуван извор.

25.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Видео: Головите што ви ги должиме
Видео: Головите што ви ги должиме
slikaПоради неодложни обврски, викендов ги немаше вообичаените видеа од натпреварите ширум Европа. Се извинуваме поради тоа и отсега продолжуваме со вообичаеното темпо - видео по секој поинтересен натпревар.
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +