Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Секси Оранжина


Уште една реклама ги крена на нозе борците за детските права. Станува збор за анимирана реклама долга сто секунди за популарен безалкохолен пијалок, која според душегрижниците е премногу еротска. Видео!

Анимираната реклама за Оранжина се врти околу љубовната приказна меѓу мечок и срна, а нивниот љубовен танц завршува ’експлозивно’ на бедрата на секси зебрите и градите на многу други животни.

Рекламата наречена Naturally Juicy, направена од една француска рекламна агенција, наиде на критика кај детските здруженија и групите кои се борат за еднаквост.

„Оранжина е пијалок кој првенствено цели на децата и младите, но оваа реклама го става во многу сексуален и провокативен контекст. Анимираните животни и огромната сексуална енергија праќаат двосмислена порака“, смета Клод Најтс од организацијата Kidscape.

Таа смета дека тоа е уште еден од начините производот да им се продаде на децата користејќи сексуални алузии.

Агенцијата за рекламни стандарди прими 147 жалби од 1 август, кога рекламата за првпат е емитувана. Портпаролката на агенцијата вели дека се уште не се одлучиле дали да покренат истрага или не.

Dr. Pepper Snapple Group, сопственик на овој бренд, не сака да ги коментира обвиненијата.



25.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +