Прв рок е денеска и во вторник за запишување на државните универзитети во учебната 2008/2009 година, на кои има околу 18.500 места за нови студенти.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има 8.950 слободни места. Студентите што ќе се запишат во државната квота треба да платат надомест, што изнесува околу 200 евра.
Слободни 3.391 места има на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Најскапа за студентите со кофинансирање на Универзитетот во Битола е студиската програма за безбедност и финансиска контрола, која чини илјада евра. Најниска цена за кофинансирање на овој универзитет е 300 евра за тригодишни студии за фармерско производство.
На Државниот универзитет во Тетово има места за 3.340 студенти, а на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип слободни се 2.833 места. Надоместот за редовните што ќе ги финансира државата тука е 200 евра, а цената на кофинансирањето е 400 или 500 евра.
На факултетите каде што ќе останат слободни места, вториот уписен рок е на 15 и 16 септември. По потреба, на универзитетите ќе има и трет уписен рок на 6 октомври.
Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
25.08.2008