Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

СМК: За изјавата на Заев за промена на името нема аболиција


’Државите имаат државно име како неотуѓиво и суверено право и тоа име е легитимација пред светот, а не за внатрешна употреба!’ – реагираат од СМК по повод вчерашната изјава на Зоран Заев дека Македонија мора да го смени името.

Светскиот Македонски Конгрес остро реагира и ја отфрла изјавата на потпретседателот на СДСМ Зоран Заев дека Македонија мора да направи отстапка во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции, јавува Нетпрес.

„Државите имаат државно име како неотуѓиво и суверено право и тоа име е легитимација пред светот, а не за внатрешна употреба! Македонија нема име за меѓународна употреба, ниту име за внатрешна употреба. Македонија има едно државно име за сите, за секоја употреба и за секое време!“ стои во реакцијата на СМК.

Името на македонскиот народ нераскинливо e поврзано со името на неговата држава Македонија, утврдено и со декларација во Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година и со секоја додавка и придавка на државното име кое се состои само од еден единствен збор Македонија, значи промена на името на македонскиот народ, култура, јазик и Црква кои никогаш повеќе не ќе може да се вратат и променат!

„Во Обединетите Нации не се разговара за меѓународно име за замена на времената референца, туку за разликата за името на државата Македонија, што не подразбира задолжителна промена на државното име, туку решение за отворените прашања врзани со името што таа разлика ја прават евидентна: ексклузивитетот врз културата и историјата на Македонија; македонско-грчката граница; грчките воени репарации за Македонија од балканските војни до денес; режимот на водите; слободната зона во Солун; името на Македонската Црква; граѓанските имотните и наследните права на насилно протераните Македонци од Беломорскиот дел на Македонија; граѓанските права на Македонците во Грција; признавањето на македонскиот народ во целина“, потенцираат од СМК.

Според Конгресот за досегашната индиферентност према овие прашања виновни се „менторите“ на Заев - Глигоров и Црвенковски.

„Првиот парламентарен состав во знак на добра волја за затворање на прашањето за името во односите со Атина веќе направи компромис, на државното име Македонија ја придодаде уставната референца Република како јасна дистинкција од истоимената северна грчка провинција, која Атина за прв пат во својата историја ја окупира по балканските војни и Букурешкиот договор од 10 август 1913 година откога спроведува систематски геноцид врз македонскиот народ“, се вели во реакцијата.

СМК изразува разочарување од „антипатриотскиот тренд на елитата на СДСМ“ бидејќи токму тие според нив го погазиле достоинството на работниците и на граѓаните на Македонија спроведувајќи криминална приватизација криминализирајќи го целото општество, од 1990 година создале емиграција од 300.000 млади и високообразовани Македонци, во 1993 година прифатиле геноцидна референца Поранешна Југословенска Република за сопствената држава Македонија, од 1994 до 1998 година со земјата владееле без никаква опозиција, со Времената македонско-грчка согласност од 1995 година суспендирале една третина од Уставот на Македонија и се откажале од државното име, државното знаме и од Македонците во Егејскиот дел на Македонија, во 2001 година земјата ја довеле до капитулација а во 2004 година со мерки на државен терор граѓаните ги одвраќале од сувереното право на референдум.

„Македонија не е во тешка економска состојба и надворешна изолација поради нечленството во ЕУ и НАТО како резултат на грчкото вето, туку поради дваесетгодишната транзиција без крај низ која минува земјата и поради криминалниот модел на приватизација што ги создаде СДСМ со монополска положба на комунистичката олигархија која денес преку наводно млади кадри продава демагогија за вина на другата страна“, сметаат од Светскиот Македонски Конгрес.

„СМК не е против социјалдемокртијата, ама изјавата на Заев за промена на името на државата нема врска со социјалдемократијата. За жал, за ваквите изјави нема аболиција“ истакнува СМК.


25.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +